Во првиот натпревар од 36.коло на Италијанското фудбалско првенство, Киево ја победи Рома на гостински терен со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за екипата од Верона беше Сирил Теро во последната минута.
Со оваа победа Киево го обезбеди опстанокот во Серија А, додека Рома може да го загуби петтото место во зависност од резултатите кои ќе се постигнат на денешните средби.
Двојките за денеска се: Пескара – Милан, Сампдорија – Катанија, Сиена – Фиорентина, Аталанта – Јувентус, Торино – Џенова, Интер – Лацио, Болоња – Наполи, Каљари – Парма и Палермо – Удинезе.
Табела: Јувентус 83 бодови, Наполи 72, Милан 65, Фиорентина 61, Рома 58, Удинезе 57,…