Кеси ја одби Рома и се одлучи за Милан

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Франк Кеси следната сезона ќе биде играч на Милан, бидејќи двата клуба се согласија на трансфер во вредност од 28 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Кеси кој одигра одлична сезона во Серија А, одлучи да се пресели на „Сан Сиро“ одбивајќи ја понудата на Рома со иста сума за трансфер.

Овој 20-годишен фудбалер од Брегот на Слоновата коска ќе потпише петгодишен договор со Милан според кој ќе заработува 2,5 милиони евра годишно, што е за половина милион евра повеќе од понудата од Рим.

Кеси оваа сезона настапи на 28 натпревари за Аталанта и постигна шест гола.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска