Казни за Милан и Мексес

Од:

Дисциплинската комисија при фудбалскиот сојуз на Италија го казни Милан со еден натпревар на домашен терен без присуство на публика поради недолично однесување на неговите навивачи на неделното дерби со Јувентус во Торино.

Милан го загуби тој натпревар со 3:2, а казната ќе ја одработи на следниот дуел од Серија А закажан за 19 октомври против Удинезе.

Ове е веќе втора казна за Милан поради испади на навивачите кои сличен инцидент со навредување на своите ривали направија и против Наполи во Милано.

Освен екипата, од дуелот со Јувентус казнет излегува и Филип Мексес кој доби црвен картон поради удирање противнички играч. Дефанзивецот на „росо-нерите“ го удри Џорџио Киелини и доби суспензија од четири натпревари, како и парична санкција од 50 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска