Уругвајскиот репрезентативец и најдобриот играч на Наполи Едисон Кавани ги договорил сите услови за трансфер во Челзи и сега се чека само да се договорат двата клуба околу откупната клаузула, јавија медиумите во Англија.
Според овие информации Кавани во Лондон ќе заработува годишна плата од 7,2 милиони фунти.
Дали ќе се оствари петгодишната соработка на Уругваецот со „сините“ од Лондон ќе зависи од подготвеноста на Челзи да ја плати оштетата од 63 милиони евра или пак од добрата волја на управата на Наполи да ја намали високата сума за предвремен раскин на договорот.
Кавани се наоѓа во Бразил каде со неговата репрезентација утре против Италија ќе игра натпревар за третотото место на Купот на конфедерации.