Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во последните 35 години во евро-куповите

Од:

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани постигна два гола синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Рома (2:3). Во првиот натпревар (6:2) 34-годишниот Уругваец исто така двапати го погоди голот на римјаните.

Кавани стана првиот фудбалер во последните 35 години кој постигнал два гола во секое од двете полуфиналиња на едно европско натпреварување.

Пред Кавани, во сезоната 1985/86, напаѓачот на Келн, Клаус Алофс, постигна два гола на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на УЕФА против белгиски Варегем (4:0), а во второто постигна хет-трик (3:3).

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска