Квалификациите за Светското првенство во Бразил продолжија и во рамките на групата во Јужна Америка.
Од синоќешните натпревари за одбележување е победата на Уругвај на гости над директниот ривал Венецуела со 1:0 и со тоа шампионот на Јужна Америка (Уругвај) се врати во игра за пласман на Мундијалот. Единствениот гол го постигна Единсон Кавани.
Водечката селекција во групата Аргентина на гостувањето кај Еквадор одигра нерешено 1:1.
Чиле на домашен терен ја совлада Боливија со 3:1, а Колумбија го победи Перу со 2:0.
Табела: Аргентина 26 бодови, Колумбија 23, Еквадор 21, Чиле 21, Уругвај 16, Венецуела 16, Перу 14, Боливија 10, Парагвај 8.