Најдобриот фудбалер на Наполи, Единсон Кавани изјави дека неговиот тим повеќе го сака трофејот од нивниот конкурент во борбата за титулата шампион на Италија, Јувентус.
-Пред нас е голема шанса, која не смееме да ја пропуштиме. Бројките јасно покажуваат дека Скудетото ни е на дофат. Можеме да играме до крај и имаме квалитет за успех. Нашиот мотив е посилен во споредба со Јувентус, бидејќи освојувањето на титулата за нас е остварување на сонот. Се зависи од Наполи – изјави Кавани.
Кавани во досегашниот тек од сезоната во дресот на Наполи одригра 27 натпревари и постигна 26 гола. Неговата екипа е на второто место на табелата во Серијата А, со три поени помалку од екипата на Јувентус.