Единсон Кавани би можел да остане во Наполи и покрај тоа што бројни медиуми пренесоа дека веќе се договорил со Управата на Челзи.
Италијанските новинари известуваат дека Уругваецот сега размислува за продолжување на договорот со наполитанците, со што во клубот би останал до 2018-та година, притоа платата би му била зголемена на 7,5 милиони евра на сезона.
Кавани со својата репрезентација две недели беше во Бразил на Купот на конфедреациите, а синоќа во „малото финале“, против селекцијата на Италија, загуби на пенали и не успеа да стигне до третото место на турнирот.