Домаќинот на Светското фудбалско првенство 2022 година, Катар вети усвојување нов закон со кој би се подобриле условите на сезонските работници ангажирани за изградба на стадионите.
Катар ангажира преку еден и пол милион работници за потребите околу градба на стадионите на кои ќе се играат натпреварите од Мундијалот по осум години.
Со актуелниот Закон работниците се речиси оставени на милост и немилост на работодавците и поради тоа реагираше Меѓународната организација за заштита на човековите права која побара подобрување на условите за работа.
Министерството за труд на Катар ги прифати забелешките и соопшти дека има план од почетокот на следната година да усвои нов закон за заштита на работничките права на лицата кои работат на изградба на стадионите.