Кастратовиќ: Вардар СЦБТ е екипа со високи амбиции

Од:

Тренерот на женскиот македонски ракометен шампион Вардар СЦБТ, Индира Кастратовиќ смета дека нејзините избранички ќе имаат добра можност да одиграат квалитетни натпревари, во пресрет на остварувањето на високите амбиции зацртани пред почетокот на новата сезона.

– Нашата група е многу тешка. Знаеме колку се силни екипите на Будуќност и Турингер, а очекуваме Митјиланд да ја комплетира нашата група, со оглед на тоа што е голем фаворит во квалификациската група покрај Бјасен, Подравка и Раднички Крагуевац. Тука нема аутсајдери и не смее никој да се потцени. Сметам дека рамноправноста на екипите е главна одлика на оваа група. Сепак, и ние имаме квалитетен тим и големи амбиции сезонава, изјави Кастратовиќ.

Вардарки следната сезона ќе бидат дел од групата Б заедно со финалистот од овогодинешното издание на Лигата на шампионите Будуќност, како и шампионот од Бундеслигата Турингер. Третиот противник ќе биде познат по квалификациите, а најголеми шанси има Митјиланд, учесникот на „Ф4” турниот во Будимпешта и дански вицешампион.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ