Кастратовиќ отпуштен од Вардар

Од:

Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на Вардар, соопшти претседателот на клубот Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција.

Со првиот тим до назначување нов тренер ќе работи досегашниот помошник-тренер Андон Бошковски.

Самсоненко најави во многу скоро време решавање на испразнетото тренерско место.

Рускиот сопственик на клубот не сакаше да дава било каков коментар или објаснување за смената на Кастратовиќ, а затечен од ваквата одлука беше и десниот бек Владимир Петриќ кој заедно со Самсоненко присуствуваше на задолжителната прес-конференција пред дуелот од СЕХА лигата против Нексе.

Во јавност почна да се шпекулира со името на Талант Душебаев како можен наследник на Кастратовиќ.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП