Голманот Икер Касиљас се чувствува добро и е надвор од животната опасност по претрпениот срцев удар. Тој вечерва преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што му изразија поддршка.
– Сè е под контрола. Малку исплашено, но силно, како и секогаш. Ви благодарам за вашите пораки со поддршка, напиша Касиљас на својот Твитер.
Голманот на Порто денес во утринските часови претрпе срцев удар и итно беше хоспитализиран и врз него извршен хируршки зафат.
Касиљас е во Порто од 2015 година. Претходно од 1998 година беше член на Реал за кого одигра повеќе од 700 натпревари.