Монако потпиша едногодишен договор со португалскиот ветеран, 35-годишниот стопер Рикардо Карваљо, досегашен член на Реал Мадрид.
– Среќен сум што дојдов во Монако и што ќе учествувам во една нова авантура. Ова е нов предизвик за мене – истакна Карваљо по потпишувањето на договорот.
Карваљо во Реал пристигна во 2010 година од лондонски Челзи, каде ги мина најплодните години од неговата играчка кариера. Претходно настапуваше за Порто во финалето на Лигата на шампиони во 2004 година, кога португалскиот тим дојде до титулата совладувајќи го со 3:0 токму Монако.