Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Карпош Соколи со победа над Работнички ја почна кошаркарската Супер лига.
Карпош Соколи како домаќин вечерва слевеше со 94:90 (20:23; 30:18; 25:25; 19:24). Решавачката предност домашниот тим ја направи во вториот период.
Најефикасен кај победникот беше Бојан Трајковски со 20 поени, а Драган Зековиќ постигна 19, додека Димче Тасовски кај Работнички реализираше 37 поени. Екипата на Работнички настапи без повредениот Ѓорѓи Чековски.
Во саботата Куманово по продолжение го победи Кожув со 108:103.
Последниот натпревар од првото коло се игра утре, а шампионот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Фени Индустри. Почетокот на дуелот е во 18 часот.