Карпош Соколи и МЗТ Скопје го играат дербито на колото

Од:

Дерби натпреварот од 4. коло од кошаркарската Супер лига на Македонија се игра попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе играат Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.

Ова е дуел на двете непоразени екипи во досегашниот дел од првенството. Почетокот на дуелот е во 18 часот.

Во истиот термин во салата „Градски парк“ играат Работнички – Кожув и во Кавадарци се игра дуелот Фени Индустри – Куманово.

Табела: МЗТ Скопје 3-0 (победи-порази), Карпош Соколи 3-0, Кожув 1-2, Работнички 1-2, Куманово 1-2, Фени Индустри 0-3.

Во рамките на плеј аут лигата се играат два дуела: Вардар – Струмица (почеток 18 часот) и АВ Охрид – Пелистер (почеток 17 часот).

Табела: АВ Охрид 23 бодови, Струмица 23, Пелистер 22, Вардар 18.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он