Карпош Соколи го освоија Кавадарци и го доби двомечот со Фени

Од:

Со вкупен резултат 145:141, кошаркарите на Карпош Соколи го добија пријателскиот двомеч со Фени Индустри, откако по изедначените 63:63 на мечот одигран в средата во Скопје, попладнево триумфираа на пресметката во Кавадарци и тоа со 82:78 (17:23, 18:15, 21:21, 26:19).

Исто како пред неколку дена во „Борис Трајковски“, и денешниот дуел во „Јасмин“ беше крајно неизвесен, со чести промени на водството и без поголемо резултатско одлепување на ниту еден од тимовите. Домаќинот беше подобар во првото полувреме, кое го доби со 38:35, додека „соколите“ доминираа во продолжението, во кое со добар напад направија пресврт и дојдоа до посакуваната победа.

Најефикасен кај новиот АБА лигаш беше Драган Лабовиќ со 18 поени.

Ова беше трет контролен дуел за карпошовци пред историската сезона во која ќе станат втор македонски тим што настапил во АБА-лигата, а досегашниот скор е една победа, едно реми и еден пораз, тој на стартот на гостувањето против Рилски Спортист.

Следен предизвик за избраниците на Матиќ е двомечот со бугарскиот шампион Лукоил Академик (14 и 15 септември), првиот во Софија, а вториот дуел во Правец.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он