Карлос: Бразил е фаворит на Светското првенство

Од:

Една од живите легенди на бразилскиот фудбал, Роберто Карлос, смета дека неговата земја е фаворит за освојување на Светското првенство во Русија.

Дел од експертската јавност се на мислење дека „Селесао“ не се она ниво што беа пред неколку години и се сомневаат во способноста на земјата да го крене трофејот во најпрестижното фудбалско натпреварување.

Очигледно, сепак, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид не го споделува ова мислење.

– Бразил, според мене, е фаворит за освојување на Светското првенство. Јас сум Бразилец сепак, и би сакал многу да го освоиме светскиот Куп. Гледам како игра екипата и по мое мислење ниту еден национален тим не се претставува толку силно како нас, рече Карлос за Goal.com.

Тој додаде дека Бразил не е само Нејмар и дека тимот го води одличен тренер.

Бразил е во група со Србија, Швајцарија и Костарика.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он