Екипата на Кардиф Сити обезбеди пласман во 16-финалето на англискиот фудбалски ФА куп.
Фудбалерите на Кардиф синоќа го совладаа составот на Колчестер Јунајтед со 3:1 во дуел од 3.коло на ова натпреварување.
Стрелци на головите за велшкиот тим беа: Ралс (34-минута). Харис (53) и Џонс (60), додека почесниот гол за гостите го постигна Сиарс (74).
Со овој триумф екипата на Кардиф обезбеди место меѓу 32 екипи, кои ќе играат во следната односно 16-финанална рунда на ФА купот.
Од денешните дуели го издвојуваме натпреварот меѓу двата Премиер лигашки тима Лестер и Њукасл, кој ќе стартува во терминот од 16 часот, како и останатите шеснаесет денешни средби во кои ќе играат: Tранмере Роверс – Свонси, Рокдајл – Нотингем Форест, Кембриџ Јунајтед – Лутон, Барнсли – Мидлсборо, Вест Бромвич Албион – Гејтсхед, Ротерам Јунајтед – Бурнемут, Престон Норт Енд – Норвич, Милвол – Брадфорд, Хадерсфилд Таун – Рединг, Фулам – Вулверхемптон, Донкастер Роверс – Бристол Сити, Дерби Каунти – Саутпорт, Чарлтон – Блекбурн, Брентфорд – Брајтон и Хов Албион, Болтон – Виган и Блит Спартанс – Бирмингем.
Во натпревари од оваа рунда кои ќе се играат во недела се среќаваат: Сандерленд – Лидс Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс – Шефилд Јунајтед, Довер Атлетик – Кристал Палас, Стоук – Рексам, Саутемптон – Ипсвич Таун, Манчестер Сити – Шефилд Венсдеј, Астон Вила – Блекпул, Јеовил – Манчестер Јунајтед, Челзи – Ватфорд и Арсенал – Хал.
Третото коло од ФА купот ќе биде комплетирано во вторник (6 јануари) со средбите Сканфорд Јунајтед – МК Донс и Евертон – Вест Хем.