Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Хрватскиот репрезентативец одигра одлично во дуелите против Барселона вчера и денеска во финалето против Веспрем и сосема заслужено го доби ова признание. Ова беше и најдобар начин за простување на Хрватот од дресот на македонскиот првак.
Десното крило на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, пак напиша историја во Келн. Тој стана единствениот играч што има три злата, откако е воведен завршниот турнир во елитното натпреварување.
Бекот на Киелце, Алекс Душебаев беше прогласен за најдобриот стрелец за оваа кампања во елитното натпреварување.