Карабатиќ во српската репрезентација?!

Од:

Како што пишува „Спортски журнал” ракометната федерација на Србија е подготвена да ја искористи аферата за местењето натпревари во Франција и да му понуди место и пасош на огорчениот Никола Карабатиќ.

Селекторот на Србија, Веселин Вуковиќ ја потврди иницијативата на федерацијата еден од најдобрите ракометари да дојде во нивниот тим, бидејќи според нив Карабатиќ се уште е на немилост на федерацијата на Франција поради аферата.

„Дозволено му е да игра и тренира за Монпеље, но до вчера никој не го спомна неговиот статус во Француската реперезентација. Роден е во Ниш, па затоа им реков во федерацијата што побргу да го контактираат и да му понудат пасош како би можел да заигра за Србија“, изјави Вуковиќ.

И претседателот на ракометната федерација на Србија, Велимир Марјановиќ најави дека на Карабатиќ ќе му пристигне позив за настап во српскиот тим.

„Никола би можел да игра за Србија, веќе во другата половина на 2014 година, што не е толку далеку. Кај нас е секогаш добродојден. Ќе го поканиме во името на федерацијата да дојде во Србија“, изјави Марјановиќ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ