Карабатиќ сака да игра за Црна Гора

Од:

Најдобриот ракометар на светот, Никола Карабатиќ изрази желба да заигра за репрезентацијата на Црна Гора, пренесуваат медиумите.

По аферата со незаконското кладење, Ракометниот сојуз на Франција се одрече од Карабатиќ. Од тогаш тој доби повици да игра за Србија, како една од опциите се спомнуваше Хрватска, но тој преку менаџерот го контактирал владеачкото тело на црногорскиот ракомет, околу можноста да заигра под нивното знаме.

„Таа информација пријатно ги изненади сите во Сојузот, индиции постојат и сигурно ни годи што врвен ракометар размислува за Црна Гора. Меѓута сега е рано да се зборува, треба добро да се размисли за се, не очекува меч со Чешка и мораме максимално да се посветиме, а тогаш ќе има простор за разговори на таа тема“, изјави Предраг Павичевиќ, генералниот секретар на Ракометниот сојуз на Црна Гора, за Дневне новине.

За сега прашањето е зошто Карабатиќ размислува да игра за Црна Гора, а не за Србија или Хрватска, затоа што е роден во Ниш, мајка му е од Алексинац, а татко му од хрватски Трогир. Сепак баба му, по татко е од Будва, па можеби оттаму интересот за дресот на Црна Гора. Сепак ако се одлучи да заигра за некоја друга репрезентација освен Франција, Карабатиќ нема да може тоа да го направи пред 2015-та година.

Тој со Франција освои две олимписки злата, две титули светски шампион и два пехара како европски првак.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ