Карабатиќ и понатаму под судска контрола

Од:

Апелациониот суд во Монпеље, во вторникот, побарал да продолжи судската контрола врз Никола Карабатиќ, откако ракометарот побарал укинување на оваа мерка одредена од судот.

Еден од најдобрите светски ракометари побарал истата мерка да им биде укината на уште четворица играчи на Монпеље, меѓу кои се наоѓа и неговиот помлад брат, Лука.

Играчите на Монпеље се обвинети за местење на резултатот на мечот со Кесон и за нелегално обложување.

Судот на Карабатиќ му забрани секаква активност која се однесува на ракометот, тој побарал мерката да му биде укината тврдејќи дека не се обложил на споменатиот натпревар, наведувајќи дека тој воопшто не играл на 12. мај кога Монпеље загуби од Кесон.

Обвинетите девојки на браќата Карабатиќ, Жералдин Пиле и Џенифер Приез, исто така побарале ублажување на мерките кои судот ги одредил против нив, односно побарале да им биде намалена кауцијата која изнесува 13.000 евра, односно 4.400 евра.

Поранешниот играч на Монпеље, кој летово се пресели во ПСЖ, Младен Бојиновиќ, исто така бара да му биде укината кауцијата која изнесува 11.600 евра, откако неговите адвокати открија „дупка“ во законот, која вели дека Француската ракометна федерација во својот правилник не забранува интернет обложување.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ