Капитенот Лазаров им се приклучува на репрезнтативците

Од:

Македонската машка ракометна репрезентација од петокот се наоѓа на јадранскиот брег во Пореч, Хрватска, каде се одвива првата фаза од финалните подготовки за Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари.

„Црвено-жолтите“ полека се екипираат, откако на репрезентативниот табор му се приклучија Владимир Темелков, Златко Даскаловски и селекторот Звонко Шундовски. За утре е најавено пристигнувањето на капитенот Кирил Лазаров, додека првиот голман Борко Ристовски поради клупските обврски со Гумерсбах е спречен да го одработи првиот дел од подготовките, па на Шундовски ќе му се стави на располагање за вториот дел, кој стартува на 2. јануари во Скопје и пријателските средби во Ниш на 4. и 5. јануари против Србија и Египет.

Ракометарите се сместени во хотелот „Валамар дијамант“, каде се наоѓа и селекцијата на Саудиска Арабија, со која играме контролен натпревар во петок (12 ч.).

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ