Капело: Играчите треба да протестираат против расизмот од трибините

Од:

Поранешниот тренер на Јувентус, Милан и Реал Мадрид, Фабио Капело изјави дека играчите треба да протестираат против расистичките манифестации на навивачите. Искусниот стручњак дури посочи начин на кој тоа да се случува – играчите да ја запрат играта и да седнат на теренот. Коментарот на Капело доаѓа по натпреварот меѓу Интер и Наполи, во кој навивачите на „нероазурите“ го навредуваа дефанзивецот на тимот од Неапол – Калиду Кулибали.

– Играчите треба да седнат на теренот, но не треба да бидат казнети за тоа. Тоа ќе ги натера навивачите, кои ги прават овие животински звуци, да се почувствуваат непријатно и да ја разберат својата вина. Само во Италија сепак фановите се толку моќни и само тука тие ги одредуваат правилата. За фудбалот се важни 85-90 отсто од останатите навивачи на стадионот, а не оние со банери. Тие имаат премногу голема власт, изјави 72-годишниот Капело.

Од 2013 година во Италија постои правило кое им овозможува на судиите да запираат натпревари, ако забележат слични расистички манифестации, но тоа не се случи за време на конкретниот натпревар меѓу Интер и Наполи.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска