Капело го спореди Сари со универзитетски професор

Од:

Прославениот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело, верува дека навивачите на Јувентус ќе ги заборават разликите со Маурицио Сари ако тимот покажува добри резултати под негово водство. Тој Сари го спореди со професор.

– И јас исто така имав на почетокот негативно искуство во Јувентус. Ова не се случи затоа што претходно ги тренирав Ромите и Милан, туку затоа што еднаш ветив дека нема да дојдам во Јувентус. Имаше многу болни зборови, транспаренти и други работи … Знам дека Конте беше критикуван поради одење во Интер. Но тоа е така. Тренерите се професионалци, фудбалот е бизнис. Идниот Сари во Јувентус? Добрите стручњаци знаат како да освојат играчи. Премиер лигата е врвот на фудбалот. Сари отиде во Англија како наставник и се враќа во Италија како универзитетски професор, изјави Капело за „Газета дело спорт“.

Шеесетгодишниот Сари кој беше тренер на Наполи од 2015 до 2018 година од вчера е поставен за нов тренер на Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска