Фудбалерите на Локомотив Москва Роман Павличенко и Дмитри Тарасов не се најдоа на поширокиот список на играчи кој денеска го објави селекторот на Русија Фабио Капело.
Италијанскиот стратег инаку кормилар на фудбалската репрезентација на Русија, ги изостави Павличенко и Тарасов, од листата од 30 фудбалери на кои Капело првично ќе смета за Мундијалот во Бразил.
Од триесетмината, Капело кон крајот на месецов ќе одбере 23 играчи, со кои Русија ќе настапи на СП во ЁБразил, каде во првата фаза ќе игра против Белгија, Јужна Кореја и Алжир во рамките од групата Х.
До тогаш Русија ќе одигра две пријателски средби, против Словачка на 26 мај и против Мароко на 6 јуни.
На списокот на Капело се следниве фудбалери:
Голмани: Игор Акинфеев (ЦСКА Москва), Јури Лодигин (Зенит), Сергеј Ружиков (Рубин Казан)
Одбрана: Александар Анјуков (Зенит), Алексеи Березутски, Василиј Березутски, Сергеј Игнашиевич, Горжи Шеников (сите од ЦСКА Моксва), Владимир Гранат, Алексеи Козлов (Динамо Москва), Андреј Јешченко (Анжи), Дмитри Комбаров (Спартак Москва), Аднреј Семенов (Терек).
Среден ред: Игор Денисов, Јури Жирков (Динамо Москва), Алан Џагоев (ЦСКА Москва), Јури Газински, Роман Широков (Краснодар), Денис Глушаков (Спартак Москва), Павел Могивелец (Рубин Казан), Виктор Фајзулин, Олег Шатов (Зенит).
Напад: Владимир Бистров (Анжи), Александар Кержаков (Зенит), Артем Џуба (Ростов), Алексеј Ионов, Александар Кокорин (Динамо Москва), Максим Кануњиков (Амкар), Павел Погребњак (Рединг) и Александар Самедов (Локомотив Москва).