Кансело повреден при грабеж во неговиот дом

Од:

Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око.

– Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе им се спротивставите ќе ви се случи ова, изјави Кансело, алудирајќи на повредата над окото.

– Успеаја да ми го украдат целиот накит, но најважно е дека моето семејство е добро, објави фудбалерот на англискиот шампион.

Грабежот бил извршен во четвртокот вечер во семејниот дом на Кансело.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска