Екипата на Кан иако имаше негатива од два гола во дуелот со Олимпик Марсеј, сепак на крајот успеа да оствари победа со 3:2.
Воведниот меч од 27.коло на француското фудбалско првенство одигран синоќа во Марсеј домашната екипа со головите на Ајев и Жињак имаше водство од 2:0 кое не успеа да го сочува. Гостите преку, Николас Сеубе, Емилијано Сала и Николас Бенезет успеаја да натпревар комплетен резултатски пресврт и да забележат победа со 3:2.
Киксон на Олимпик Марсеј, кој е на третото место на табелата, ќе биде добра можност за водечките Лион и ПСЖ да се одвојат од конкурентот за шампионскиот трофеј.
Денеска и утре се играат останатите натпревари, од кои го издвојуваме дербито меѓу Монако и Париз Сен Жермен.
Комплетни двојки за 27.коло во Лига 1: Лил – Олимпик Лион, Бордо – Ремс, Ленс – Рен, Лориен – Бастија, Мец – Евијан, Тулуз – Сент Етијен (сабота), Нант – Гингамп, Монпеље – Ница и Монако – Париз Сен Жермен (недела).