Кан не верува дека Ноер ќе се врати во форма до СП

Од:

Легендарни германски голман, Оливер Кан смета дека селекторот Јоаким Лев преземал голем ризик со повикот на Мануел Ноер во националниот тим пред Светското првенство во Русија.

Лев го повика Ноер иако тој нема играно речиси целата сезона поради повреда, а прв пат беше дел од екипата на Баерн Минхен во саботата за финалето на Купот, што тој го гледаше од клупата за резерви.

– Ноер има големи заслуги во минатото и затоа ја има довербата на Лев. Сепак не верувам дека за толку кус период ќе успее да ја достигне препознатливата форма. Дури и да игра на пријателските натпревари пред шампионатот, сметам дека и за него и за сите тоа е голем ризик. Мислам дека треба да се запраша дали е добро да се игра на Светското првенство по осум месеци пауза. Тоа ќе биде тешка одлука, смета Кан.

Мундијалот во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он