Словенечкиот фудбалер Кевин Кампл, кој досега настапуваше за екипата на Борусија Дортмунд, денеска потпиша договор со Баер Леверкузен.
Кампл стана играч на Борусија минатата зима, но не ги задоволи очекувањата на „милионерите“ кои се откажаа од неговите услуги.
Во Леверкузен Словенецот според договорот е обврзан на петгодишна верност.
Тој претходно играше за Салцбург, додека тренер на клубот беше Роџер Смит, кој сега е во Леверкузен.
Баер во текот на денешниот ден соопшти дека неговиот напаѓач Сон Хунг Мин од Јужна Кореја, потпишал за Тотенхем.