Камерунските фудбалери утрово одбија да влезат во авионот со кој требаше да отпатуваат на Мундијалот во Бразил, незадоволни од понудените премии.
Како што пренесува францускиот „Л`Екип“, играчите претходно се согласиле да го одложат штрајкот најавен за 23 мај и играа на 1 јуни во пријателскиот натпревар против Германија, откако им беше понудена премија. Но премиите не дојдоа, а понудените пари се многу помалку од ветените.
Ова би можел да биде многу голем удар за репрезентацијата, која в сабота го игра првиот натпревар на Мундијалот – против Мексико.
Камерун на Светското првенство игра во Групата А, уште со Бразил и Хрватска. Првенството се игра од 12 јуни до 13 јули.