Едуардо Камавинга од Рен стана најмладиот фудбалер кој се нашол во стартниот состав во една од најсилните пет лиги во Европа.
Камавинга роден на 10 ноември 2002 година вечерва го почна дуелот на неговиот Рен со Монако во 34. рунда од првенството на Франција.
Шеснаесет годишниот фудбалер е првиот играч роден во 2002 година, кој заиграл меч од почеток во една од лигите на Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.
За Камавинга ова е четврти натпревар во Лига 1 оваа сезона.