Реал Мадрид се согласил да го отстапи Рикардо Кака во Милан без трансферна сума, објави Gazzetta Dello Sport.
Реал го дал своето овластување и сега Адријано Галијани и фудбалерот преговараат за личните услови, по што ќе биде потпишан договор за период од две години.
Реал Мадрид нема да земе трансферна сума, но ќе се ослободи од високата плата која му ја дава на Бразилецот. Милан од своја страна, пак, ќе му ги намали примањата на Кака, но ќе го врати назад во клубот, каде што ги помина надобрите денови.