Поранешниот најдобар светски фудбалер, Бразилецот Кака, нема да игра во Копа Америка, бидејќи го повреди бутниот мускул непосредно пред почетокот на турнирот во САД.
Кака неодамна доби повик во репрезентацијата како замена за повредениот Даглас Косте од екипата на Баерн Минхен.
Сепак, играчот од средниот ред на МЛС лигашот Орландо се повреди на тренинг и нема да биде во можност да им помогне на „кариоките“.
-Кака се повреди на тренинг и го очекува пауза помеѓу 15 и 20 дена, информира Фудбалскиот сојуз на Бразил.
На местото на Како во националниот тим е повикан фудбалерот на Сао Паоло, Енрике Ганзо.
Бразил на Копа Америка ќе игра во групата Б со екипите на Еквадор, Хаити и Перу.