Кајак спуст по Вардар по повод Илинденското востание

Од:

По повод 113-годишнината од Илинденското востание кајакарите Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Виктор Котев и Виктор Миланов од кајак кану клубовите Гемиџии 903-Велес и Илинден 90-Скопје ќе се спуштат со кајаци по течението на реката Вардар од Вруток до Гевгелија.

Кајак спустот ќе почне денеска од Вруток, а ќе заврши на 2 август во Гевгелија и ќе биде поделена во четири етапи со три ноќевања во градовите низ кои поминува Вардар.

Се планира во првата етапа да се весла до Скопје каде што ќе биде и првата пауза, втората да биде од Скопје до Велес, третата од Велес до Демир Капија, а четвртата од Демир Капија до Гевгелија каде кајакарите треба да стигнат во попладневните часови.

Од Кајакарската федерација на Македонија се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски