Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава изјави дека тимот сака да се опрости од тренерот Јирген Клоп со освоен трофеј.
– Чувствуваме огромна благодарност кон Клоп. Многу му должиме и сакаме од него да се опростиме со трофеј. Наскоро ќе си оди од Борусија и нема да ни биде лесно. Имаме голем мотив на последните натпревари со него да го дадеме својот максимум, рече Кагава.
Борусија вечерва ја очекува пресметка со Баерн Минхен во германскиот куп.
– Дуелот со Баерн доаѓа во добар вистински момент за нас. Во добра форма сме и тоа треба да го искористиме, потенцира јапонскиот репрезентативец од редовите на Борусија.
Клоп од 2008 година е на тренерското место на „милионерите“ од Дортмунд, и до сега освои две титули во Бундеслигата и еден Куп.