Каевски: АМС ќе гради партнерски однос за решавање на младинските проблеми

Од:

Сакам да ме гледате како ваш другар и пријател и заедно да градиме мостови на соработка со цел намалување на младинската невработеност и подигнување на стандардот на младите, порача директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски на конференција за млади „Патоказ за младински приоритети”, што денеска се одржа во Скопје во организација на Националниот младински совет на Македонија, Младински образовен форум и Млади европски федералисти.

Каевски во првиот дел од панел дебатата зборуваше за соработката меѓу АМС и младинските организации, процесите поврзани со Регионалната канцеларија за соработка на млади (RYCO), како и заклучоците од Форумот за млади кој се одржа во Трст, Италија.

– Започнуваме да градиме партнерски однос со младите, нагласи Каевски.

Тој ја потенцираше нетранспарентната постапка во врска со изборот на македонскиот претставник во Управниот одбор на RYCO.

– По увидот во јавно достапните информации може да се видат нерегуларности, кадешто неактивни младински организации учествувале во работната група за избор на македонскиот претставник за RYCO. Отворена е можноста за поставување на привремен претставник и повторување на постапката, со цел Македонија да учествува во проектите на RYCO кои започнуваат од септември, рече Каевски.

Во завршниот дел Каевски се осврна на препораките од Форумот за млади во Трст кои се однесуваат на претприемништвото на млади и учеството на младите во процесот на донесување одлуки.

На конференцијата учествуваа и претседателот на НМСМ, Блажен Малески, како и германскиот и франсцускиот амбасадор во Македонија, Кристине Д. Алтхаузер и Кристијан Тимоние.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска