Со натпреварот меѓу Каен и Монако вечерва ќе биде „отворено“ 29. коло од француската Лига 1.
Воедно ова е дерби на колото, бидејќи второпласираниот Монако гостува кај четвртиот на табелата Каен. Домаќинот има две победи на последните два натпревара, откако претходно имаа три порази. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Другите дуели од оваа рунда се играат во текот на викендот: ПСЖ – Монпеље, Анже – Сент Етиен, Бастија – Лориен, Бордо – Ајачио, Лил – Ремс, Ница – Троа (сабота), Олимпик Марсеј – Тулуз, Рен – Нант и Олимпик Лион – Генгамп.
Табела: ПСЖ 73 бодови, Монако 50, Олимпик Лион 42, Каен 42, Ница 41, Рен 41, Сент Етиен 41, Нант 40,…