Шампионот на Италија, Јувентус ја оствари 21-та победа во шампионатот откако синоќа пред своите навивачи во рамки на 25.коло го совлада Палермо со 4:1.
Головите за „старата дама“ ги постигнаа: Клаудио Маркизио во 13.минута, Пауло Дибала во 40 и 89.минута и Гонзало Игуаин во 63.минута, додека стрелец за Палермо беше Ивајло Чочев во 90+3 минута. Во екипата на Палермо целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, додека Александар Трајковски остана на клупата за резерви.
Вечерва се играат два дуела од оваа рунда: Аталанта – Кротоне и Емполи и Лацио. Во недела на програмата се седум натпревари: Болоња – Интер, Киево – Наполи, Пескара – Џенова, Сампдорија – Каљари, Удинезе – Сасуоло, Рома – Торино и Милан – Фиорентина.
Табела: Јувентус 63 бодови, Рома 53, Наполи 51, Интер 45, Аталанта 45, лацио 44, Милан 41, Фиорентина 40