Јувентус триумфално низ Неапол

Од:

Лидерот и шампион Јувентус со победа од 3:1 остварена синоќа на гостувањето кај Наполи го заокружи 18.коло од Италијанското фудбалско првенство.

Головите за „старата дама“ ги постигнаа Пол Погба (29.минута), Хозе Мартин Касерес (69) и Артуро Видал (90+4), додека стрелец за Наполи беше Мигуел Бритос (64).

Со оваа победа Јувентус на врвот повторно и „избега“ три бода на Рома, додека Наполи заостанува 13 бодови зад лидерот.

Резултати на другите натпревари од овој круг: Рома – Лацио 2:2, Интер – Џенова 3:1, Аталанта – Киево 1:1, Каљари – Чезена 2:1, Фиорентина – Палермо 4:3, Сампдорија – Емполи 1:0, Верона – Парма 3:1, Торино – Милан 1:1 и Сасуоло – Удинезе 1:1.
Табела: Јувентус 40 бодови, Рома 40, Лацио 31, Наполи 30, Сампдорија 30, Фиорентина 27, Џенова 27, Милан 26,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска