Јувентус рутинирано до четвртфиналето во Купот на Италија

Од:

Екипата на Јувентус е четвртиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Актуелниот првак на Италија, Јувентус рутинирано ја мина осминафиналната рунда со убедливата победа од 6:1 против Верона.

Џовинко беше стрелец на два гола за „Старата дама’’, а во листата на стрелците се запишаа и: Переира, Пигба, Мората (од пенал) и Коман, додека почесниот гол за гостите го постигна Неде.

Јувентус за противник во четвртфиналето ќе ка има екипата на Парма, додека вториот четвртфинален пар го сочинуваат Милан и Лацио.

Кои ќе бидат преостанатите два четвртфинални парови ќе биде познато следната седмица (20, 21 и 22 јануари), кога на програмата се останатите четири натпревари од осминафиналето, а во нив ќе играа: Рома – Емполи, Фиорентина – Аталанта, Интер – Сампдорија и Наполи – Удинезе.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска