Јувентус е втората екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Во реприза на минатогодишното финале, Јувентус го совлада Милан со 2:1.
На средбата одиграна синоќа во Торино, головите за домашниот тим ги постигнаа Паоло Дибала (10.минута) и Миралем Пјаниќ (21), додека погодокот за Милан беше дело на Карлос Бака (53).
Гостите од Милано натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мануел Локатели во 54.минута по добиениот втор жолт картон.
Јувентус за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Наполи кој во првиот четвртфинален меч, одигран ден порано, со 1:0 ја победи екипата на Фиорентина.
Втората полуфинална двојка во „Копа Италија“ ќе ја сочинуваат победниците од натпреварите меѓу Интер – Лацио и Рома – Чезена, кои ќе се играат на 31 јануари и 1 февруари.