Јувентус постави нов рекорд

Од:

Екипата на Јувентус синоќа ја совлада Болоња со 3:0 и постави нов рекорд во Италијанското фудбалско првенство со 26 победи во низа на домашен терен.

И претходниот рекорд го држеше овој клуб со генерацијата предводена од Антонио Конте пред три години со 25 последователни триумфи пред своите навивачи.

Триумфот над Болоња ја зацврсти „старата дама“ на лидерската позиција на табелата во Серија по 19.коло.

Резултати на другите натпревари:

Удинезе – Интер 1:2,
Киево – Аталанта 1:4,
Џенова – Рома 0:1,
Лацио – Кротоне 1:0,
Сасуоло – Торино 0:0,
Емполи – Палермо 1:0,
Наполи – Сампдорија 2:1 и
Милан – Каљари 1:0.

Натпреварот Пескара – Фиорентина е одложен.

Табела: Јувентус 45 бода, Рома 41, Наполи 38, Лацио 37, Милан 36, Аталанта 35, Интер 33,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска