Јувентус подобар од Интер во дербито од Серија А

Од:

 Екипата на Јувентус како гостин со 2:1 го победи Интер во дерби натпреварот од 30.коло на фудбалскиот шампионат на Италија.

Стрелци на головите за водечката екипа на табелата беа Фабио Кваљарела (3.минута) и  Алесандро Матри (60), додека Родриго Паласио (54) го постигна голот за домашниот тим.

На останатите натпревари од оваа рунда во Серија А одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Удинезе – Болоња 0:0, Парма – Пескара 3:0, Палермо – Рома 2:0, Лацио – Катанија 2:1, Џенова – Сиена 2:2, Каљари – Фиорентина 2:1 и Аталанта – Сампдорија 0:0.

Од 18 часот и 30 минути ќе започне натпреварот Киево – Милан, а колото ќе биде комплетирано со средбата Торино – Наполи која ќе се игра вечерва со почеток од 21 часот.

Табела по некомплетното 30.коло: Јувентус 68 бодови, Наполи 56, Милан 54, Фиорентина 51, Лацио 50, Интер 47, Рома 47,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска