Јувентус остана непоразен во Неапол

Од:

Дерби натпреварот од 27. коло на фудбалскиот шампионат во Италија одигран синоќа во Неапол меѓу домашниот Наполи и Јувентус заврши нерешено 1:1.

Гостинот од Торино и лидер на табелата прв дојде во водство со голот на Џиорџио Киелини во 10. минута, а Наполи изедначи преку Гохан Инлер во 43.минута.

Горан Пандев одигра 67 минути за „наполитанците“.

Со овој исход разликата на врвот на табелата остана шест бода во корист на Јувентус.

Вечерва во Милано, четвртиот на табелата Милан ќе му биде домаќин на третопласираниот Лацио во вториот дерби дуел на оваа рунда.

Другите натпревари од оваа рунда ќе бидат одиграни утре. Двојките се: Торино – Палермо, Сиена – Аталанта, Болоња – Каљари, Фиорентина – Киево, Катанија – Интер, Сампдорија – Парма, Пескара – Удинезе, и Рома – Џенова.

Табела: Јувентус 59 бодови, Наполи 53, Лацио 47, Милан 45, Интер 44, Фиорентина 42, Катанија 42,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска