Во фудбалскиот шампионат на Италија викендов на програмата се натпреварите од 33.коло, кое ќе мине во знак на дербито во Торино, каде утревечер од 20:45 часот лидерот на табелата Јувентус ќе го пречека трето пласираниот Милан.
Колото ќе биде отворено вечерва со дуелите Џенова – Аталанта (18 часот) и Удинезе – Лацио (20:45).
Во недела покрај дерби дуелот на програмата се уште седум натпревари: (12:30 часот) Интер – Парма; (15) Наполи – Каљари, Сиена – Киево, Катанија – Палермо, Рома – Пескара,
Болоња – Сампдорија и Фиорентина – Торино.
Табела: Јувентус 74 бодови, Наполи 63, Милан 59, Фиорентина 55, Рома 51, Лацио 51, Интер 50,…