Фудбалерите на Јувентус повторно имаат три бодови предност на врвот на табелата пред второпласираниот Наполи, откако денеска со 2:1 славеа победа на гостувањето кај Киево.
Постигнати резултати на другите натпреаври од 23.коло на Италијанското фудбалско првенство одиграни попладнево: Фиорентина – Парма 2:0, Палермо – Аталанта 1:2, Пескара – Болоња 2:3, Сиена – Интер 3:1, Џенова – Лацио 3:2.
Вчера Наполи – Катанија 2:0 и Торино – Сампдорија 0:0.
Во петокот Рома – Каљари 2:4.
Колото ќе биде заокружено вечерва со натпреварот Милан – Удинезе.
Табела: Јувентус 52 бодови, Наполи 49, Лацио 43, Интер 40, Фиорентина 39, Милан 37, Катанија 35,…