Лидерот Јувентус и второпласираниот Наполи се наоѓаат пред нови предизвици во италијанската Серија А.
Јувентус вечерва од 18 часот е домаќин на Фиорентина, додека тимот на Наполи за кој настапува македонскиот капитен Горан Пандев гостува во Рим (почеток 20:45) кај неговиот поранешен клуб Лацио.
Другите натпревари од 24. коло во Италијанскиот фудбалски шампионат се играат утре. Двојките се: Парма – Џенова, Аталанта – Катанија, Каљари – Милан, Палермо – Пескара, Сампдорија – Рома, Болоња – Сиена, Удинезе – Торино и Интер – Киево.
Табела: Јувентус 52 бодови, Наполи 49, Лацио 43, Милан 40, Интер 40, Фиорентина 39,…