Актуелниот шампион Јувентус синоќа на гостински терен го совлада Каљари и ја сочува предноста од седум бода во однос на Рома, односно девет во споредба со Наполи што ја имаше пред почетокот на 24.коло од Серија А.
Двоен стрелец во триумфот над Каљари беше Гонзало Игуаин.
Резултати на средбите од 24.коло во Италијанското фудбалско првенство:
Фиорентина – Удинезе 3:0,
Наполи – Џенова 2:0,
Кротоне – Рома 0:2,
Палермо – Аталанта 1:3,
Сасуоло – Киево 1:3,
Интер – Емполи 2:0,
Торино – Пескара 5:3,
Сампдорија – Болоња 3:1 и
Каљари – Јувентус 0:2.
Колото ќе биде заокружено вечер (почеток 20:45 часот) со дуелот Лацио – Милан.
Табела: Јувентус 60 бода, Рома 53, Наполи 51, Интер 45, Аталанта 45, Лацио 43, Милан 40, Фиорентина 40