По две одиграни кола во италијанската Серија А, четири екипи имаат по две победи (Јувентус, Сампдорија, Интер и Лацио), а исто толку тимови се без освоен бод (Удинезе, Болоња, Палермо и Пескара).
Екипите на Аталанта и Сиена се наоѓаат во бодовен минус поради казните кои ги добија пред почетокот на сезоната.
Натпреварот помеѓу Џенова и Јувентус привлекува најголемо внимание во третото коло, а не помалку интересен се очекува да биде и натпреварот помеѓу Торино и Интер.
Сабота, 15. септември:
Палермо-Каљари
Милан-Аталанта
Недела, 16. септември:
Киево-Лацио
Фиорентина-Катанија
Џенова-Јувентус
Наполи-Парма
Пескара-Сампдорија
Рома-Болоња
Сиена-Удинезе
Торино-Интер.